Малкумина пред неколку месеци слушнале за Возиња, но денес неговото име е препознатливо меѓу љубителите на фудбалот ширум светот. Голманот на репрезентацијата на Зеленортските Острови стана едно од најпријатните изненадувања на Светското првенство, каде со серија извонредни интервенции го привлече вниманието на јавноста и на бројни клубови.
Неговите блескави настапи на 23. Мундијал целосно му ја променија кариерата. Возиња ова лето направи голем чекор напред, откако од португалски второлигаш се пресели во редовите на славниот чилеански Коло Коло, клуб со богата историја и огромна армија навивачи. Интересот околу неговото пристигнување беше огромен. Навивачите со денови ги следеа преговорите, а по неговото слетување на аеродромот во Сантијаго му приредија спектакуларен пречек. Вистинското шоу следуваше на официјалната промоција, каде дресот на новото засилување беше спуштен со падобранец пред полни трибини, проследен со огномет, скандирања и атмосфера каква ретко се гледа за голман.
Приказната на Возиња е доказ дека понекогаш само неколку натпревари се доволни за целосно да го променат животот. Од фудбалер познат само на најголемите познавачи на африканскиот фудбал, тој се претвори во миленик на навивачите во Чиле и една од најубавите приказни по завршувањето на Светското првенство.
Grande recepção do Colo-Colo e sua torcida para o goleiro Vozinha, novo reforço do clube chileno.
🗞️ @SportyNetBrasil
🎥 Reprodução pic.twitter.com/sU7UcONJnU— Planeta do Futebol 🌎 (@futebol_info) August 6, 2026

