Денеска во Загреб следува кулминацијата на ФНЦ 33, каде што фокусот е насочен кон тешкашката пресметка меѓу Дарко Стошиќ (23-8, 17 КО) и актуелниот владетел во категоријата, Хатеф Моил (17-4, 12 КО). За српскиот нокаутер ова е трет обид во последните две години да дојде до шампионскиот појас, а дополнителен мотив е реваншот за нивната прва борба од пред 11 години кога Стошиќ славеше со технички нокаут.
Вчерашното мерење донесе јасна предност во физичките параметри за Иранецот, Моил застана на вагата со дури 117 килограми (10 повеќе од Стошиќ) и значителна предност во висината и досегот. Сепак, Стошиќ веќе со години е навикнат на улогата на понизок тешкаш, па неговите навивачи се надеваат дека токму тој ќе ја прекине страшно низа од 13 последователни победи на Моил.
По цела деценија од последниот освоен трофеј во Линц и по неколкуте неуспешни обиди во КСВ и ФНЦ (поразите од Де Фрис и Витасовиќ), Стошиќ влегува со намера конечно да ја прекине шампионската суша. Главната борбена вечер во Загреб започнува од 19:00 часот.

