Боречки спортови Други спортови

Спектакл во Белград: Експресен нокаут на Медиќ и успешна премиера на Ракиќ во тешка категорија! (ВИДЕО)

Историскиот УФЦ настан во „Белградска арена“ донесе две големи победи за домашните борци, од кои највпечатливиот момент го режираше Урош Медиќ. Популарниот „Доктор“ го совлада Американецот Даниел Родригез со експресен нокаут за само 30 секунди од борбата. По првата пожестока размена, Медиќ пласираше силно лево кроше кое директно го испрати противникот на партерот, со што уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма и се промовираше во сериозен кандидат за самиот врв во велтер категоријата и иден напад на шампионскиот појас.

Во главниот дел од програмата, триумф забележа и Александар Ракиќ, кој успеа да ја прекине црната серија од четири последователни порази и да ја запише својата прва УФЦ победа по пет години. На своето деби во тешка категорија, Ракиќ го совлада Полјакот Марчин Тибура со едногласна одлука на судиите. Српскиот борец ја диктираше борбата уште во првата рунда кога упати двојно повеќе удари од својот ривал, а во продолжението со тактичка и контролирана игра ја зачува предноста и стигна до значајна победа за враќање на победничките патеки.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.