Кошарка Македонска кошарка Меѓународна кошарка

Спанулис го сака Нено Димитријевиќ во Арис!

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е пред трансфер во грчкиот Арис, каде што би требало да соработува со легендарниот Василис Спанулис.

Според информациите од медиумите кај нашиот јужен сосед, преговорите помеѓу Нено и клубот од Солун се наоѓаат во завршна фаза. Димитријевиќ моментално ги брани боите на германски Баерн Минхен, со кој зад себе има солидна евролигашка сезона, а во овој момент е комплетно фокусиран на битката за шампионскиот трофеј во Бундеслигата. Веднаш по финишот на плеј-офот во Германија, се очекува македонскиот кошаркар и официјално да ја потврди својата нова дестинација.

Огромен мотив за ваквиот чекор е токму предводникот на Арис, кошаркарската икона Спанулис, кој неодамна се пресели во Солун откако претходно го одведе Монако до големото финале во Евролигата. Тој во нашиот плејмејкер гледа идеален лидер на паркетот за новиот амбициозен проект.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.