Јувентус славеше со 2-0 против Парма, а тренерот Лучано Спалети по натпреварот застана во одбрана на својата екипа, иако дел од навивачите и медиумите ја критикуваа играта.
„Ми се допадна и првото полувреме. Создадовме многу ситуации и вршевме постојан притисок, но ни недостигаше завршниот удар“, изјави Спалети, нагласувајќи дека Парма имала само една сериозна шанса.
Клучен за победата беше Нико Гонзалес, кој по влегувањето од клупата прво ја погоди стативата, а потоа го постигна водечкиот гол. Во финишот Тун Копмајнерс го постави конечниот резултат. Сепак, Јувентус има и нови проблеми со повредите. Андреа Камбијазо мораше да излезе од игра, додека ситуацијата со Кефрен Турам може да бара дополнителни испитувања. Доколку Турам биде подолг период надвор од терените, Спалети најави дека клубот ќе бара ново засилување во средниот ред.
„Ако се потврди ситуацијата со Турам, тогаш ни треба играч за средниот ред“, порача тренерот на Јувентус.

