Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е пред сензационален трансфер во италијанскиот гигант Јувентус. Медиумите на Апенините пренесуваат дека тренерот Лучијано Спалети лично инсистира на негов ангажман, добро познавајќи ги квалитетите на нашиот репрезентативец од заедничките шампионски денови во Наполи.
Поради неговата мултифункционалност во средниот ред и нападот, Спалети го гледа Елмас како совршено засилување. Оваа опција станува уште пореална за „старата дама“ бидејќи клубот се соочува со заминување на Кефрен Турам.
Откако ја помина сезоната како позајмен играч, за Елмас ова е идеална шанса да се врати во Серија А на голема врата и повторно да соработува со стратегот под чија палка ја освои историската титула.

