Меѓународен фудбал Фудбал

Совршено деби за Риера и Звезда во ЛЕ, шок за Хајдук и пораз за Партизан!

Црвена Звезда оствари убедлив триумф од 3-0 против Викторија Плзен во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лига Европа, одбележувајќи совршено деби за новиот тренер Алберт Риера. Шпанскиот стратег, кој го презеде тимот по заминувањето на Дејан Станковиќ, веднаш ја пренесе својата агресивна тактика на теренот. Мирко Иваниќ со два погодоци во 36. и 53. минута го отвори патот кон победата, а Александар Катаи во 89. минута од пенал ги постави конечните 3-0, со што белграѓани ширум си ги отворија вратите кон групната фаза.

За разлика од Звезда, преостанатите регионални претставници имаа вечер за заборавање во плејофот од Конференциската лига. Сплитски Хајдук доживеа вистински шок пред своите навивачи, откако во 95. минута прими гол и ремизираше 2-2 против полски Раков. Домаќините имаа предност со головите на Шего и Де Алмеида и цела четиринаесетминутна предност од играч повеќе, но не успеаја да ја сочуваат победата. Пораз запиша и белградски Партизан, кој му подклекна на Хетафе во Шпанија со 3-1, и покрај тоа што Демба Сек донесе привремено израмнување за „црно-белите“ во првото полувреме.

На останатите терени во Конференциската лига, Ајакс славеше на гостувањето кај Сион со 4-2, Монако го совлада Горник Забрже со 3-2, Карабах извлече минимална победа против Твенте со 1-0, додека Глазгов Ренџерс славеше над Јаблонец со 1-0, натпревар на кој македонскиот репрезентативец Бојан Миовски повторно остана без минутажа и го изгледа целиот дуел од клупата за резерви.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.