Други спортови Останато

Совршена сабота за Антонели: По спринтот, младиот Италијанец грабна пол-позиција и на Силверстон

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Велика Британија, која е деветта во овогодишниот шампионат во Формула 1. Младиот Италијанец на најдобар начин ја заокружи совршената сабота на патеката Силверстон, каде што претходно во текот на денот славеше и во спринт-трката.

Антонели стигна до првото место на квалификациите со време од 1:28.111 минути. Тој извозе одличен круг и оствари предност од 175 илјадити делови од секундата во однос на Шарл Леклер.

Најблиску до водечкото дуо беше вториот возач на Ферари, Луис Хамилтон, кој утре ќе стартува од третата позиција. Неуспешен ден имаше тимскиот колега на Антонели, Џорџ Расел, кој на крајот мораше да се задоволи дури со четвртото место на гридот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.