Други спортови Тенис

Современиот тенис го зема данокот, повредите се во пораст!

Сè поголемиот број повреди кај најдобрите тенисери повторно го отвора прашањето за густината на календарот и физичкиот напор што го носи современиот тенис. Последен пример е Џек Дрејпер, кој ја заврши сезоната предвреме поради повреда. Во текот на годината со проблеми се соочуваа и Карлос Алкараз и Јаник Синер. Според податоците што ги пренесува „Газета дело Спорт“, бројот на повреди и откажувања на АТП Турот е зголемен за околу 25 отсто, додека повредите на горните екстремитети и рамото се повеќе од двојно почести во споредба со претходните децении.

Густиот распоред, двонеделните Мастерс турнири, долгите мечеви, високите температури и честите промени на подлогите и топките дополнително го оптоваруваат телото. Физиотерапевтот Клаудио Цималја, кој работел и со Новак Ѓоковиќ, посочува дека денешниот тенис бара многу повеќе ротации на зглобовите и трупот отколку во минатото. Сето ова покажува дека современиот тенис станува сè понапорен, додека времето за вистински опоравок меѓу турнирите е сè пократко.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.