Меѓународен фудбал Фудбал

Сосиедад испушти 0:2, па преку Сучиќ во 90. минута стигна до победа

Вистинска фудбалска драма го одбележа последниот натпревар од четвртото коло во Ла Лига, во кој Реал Сосиедад го совлада Елче со 2:3 на гостувањето, откако домашниот тим за само десеттина минути успеа да се врати од два гола негатива.

Гостите од Сан Себастијан одлично го започнаа мечот и уште во 11. минута поведоа преку Очиенг, кој подоцна, во 31. минута, му асистираше на Јангел Ерера за убедливи 0:2. Во 61. минута му беше поништен гол на Лука Сучиќ поради играње со рака, а само три минути подоцна Јон Мартин доби директен црвен картон, оставајќи го Сосиедад со десетмина на теренот.

Елче експресно ја искористи бројчаната предност. Томас Лемар во 67. минута намали на 1:2, а во 74. минута Федерико Нињо донесе комплетно израмнување (2:2) за ерупција на трибините. Сепак, кога се чинеше дека гостите го прокоцкаа мечот, хрватскиот репрезентативец Лука Сучиќ во 90. минута погоди за конечни 2:3 и огромни три бода.

По овој триумф Реал Сосиедад се искачи на деветтото место во Ла Лига со седум освоени бода, додека Елче останува на дното од табелата со само еден бод.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.