Црногорскиот ММА борец Милош Јаничиќ испиша историја откако и официјално потпиша договор со најголемата светска ММА организација – УФЦ. Јаничиќ стана првиот борец од Црна Гора кој ќе настапува во елитната промоција, што претставува огромен успех и за него лично, но и за целиот црногорски спорт.
Веста ја потврди самиот борец преку социјалните мрежи, откривајќи дека своето деби ќе го има на УФЦ настанот во Белград во август. Дополнително, Јаничиќ нагласи дека ќе се бори на главната програма, што е реткост за дебитанти и уште една потврда за довербата што ја добил од организацијата. Потписот со УФЦ е круна на досегашната кариера на младиот борец, кој сега ќе има можност да се докажува на најголемата ММА сцена во светот.

