Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Солзи, емоции и рекорди: Емотивниот Меси стана најстариот стрелец на мундијалски хет-трик!

Лионел Меси има 38 години и 357 дена, но на неговата неверојатна енергија и глад за победи можат да му позавидат и најмладите фудбалери во светот. Аргентинскиот волшебник сам го торпедираше Алжир со три гола на отворањето на Светското првенство, соборувајќи уште неколку историски рекорди. Капитенот на „гаучосите“ се израмни со Мирослав Клосе на врвот на вечната листа со 16 мундијалски погодоци, а воедно стана и најстариот фудбалер кој постигнал хет-трик на Светските првенства, уривајќи го рекордот на Кристијано Роналдо од 2018 година.

Она што посебно ја одбележа оваа прекрасна ноќ беа искрените емоции и солзите на Меси по постигнувањето на првиот гол. По натпреварот, легендарниот Лео отворено призна дека поминал низ тежок период на приватен план и им се заблагодари на соиграчите за поддршката.

„Тоа беше нешто потполно неповрзано со фудбалот. Поминав низ некои тешки денови, но благодарен сум ѝ на целата делегација и на соиграчите бидејќи секогаш беа со мене и ми даваа многу сила“, откри емотивниот Меси.

По големата победа, живата легенда на светскиот фудбал истакна дека во оваа фаза од кариерата веќе нема никаков притисок и дека на секој натпревар во националниот дрес гледа како на посебен подарок.

„Сè што доживувам сега е само бонус. Имав среќа да ги остварам сите мои соништа, дури и повеќе од она што некогаш сум сонувал дека ќе постигнам, и професионално и лично. Сега само уживам во ова, во тоа што сум дел од една прекрасна група, што се чувствувам добро и што можам да уживам на теренот. Ова е многу повеќе од сè што можев да замислам уште како дете“, додаде капитенот на Аргентина.

На голема радост на сите вистински вљубеници во фудбалот, Меси во моментов настапува на својот шести Мундијал во кариерата. Додека за многу фудбалери е сон само еднаш да го почувствуваат вкусот на Светското првенство, овој гение го игра најголемиот фудбалски турнир буквално половина од својот живот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.