Боречки спортови Други спортови

Солдиќ е ново име во УФЦ, дебито ќе биде во полусредна категорија!

Еден од најпознатите хрватски ММА борци конечно доби шанса на најголемата светска сцена. Роберто Солдиќ потпиша со УФЦ и ќе настапува во полусредна категорија, а сега останува само да го дознае својот прв противник. 31-годишниот Солдиќ во УФЦ пристигнува со скор од 21 победа и четири порази, при што дури 18 од неговите победи ги остварил со нокаут. Хрватот зад себе има и шампионски период во КЦБ, каде што беше првак во полусредна и средна категорија.

Една од неговите највпечатливи победи е токму против актуелниот УФЦ шампион во средна категорија, Дрикус Ду Плесис. По поразот со нокаут во првиот меѓусебен дуел, Солдиќ шест месеци подоцна возврати на ист начин и ја освои титулата во КЦБ. По заминувањето од КЦБ, „Робокоп“ настапуваше во ОНЕ Чемпионшип, каде што запиша една победа, еден пораз и една борба без резултат. Договорот му истече во август, а само неколку недели подоцна Солдич го направи големиот чекор кон УФЦ.

Хрватот има искуство и во професионалниот бокс, каде што е непоразен со скор 4-0 и сите четири победи ги има остварено со нокаут. УФЦ засега не го откри неговиот прв противник ниту датумот за дебито, но со оглед на неговата репутација и ударната моќ, доаѓањето на „Робокоп“ во организацијата веќе предизвикува големо внимание.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.