Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Солбакен со голема почит кон Анчелоти: Бразил е фаворит, но не и непобедлив!

Норвешкиот селектор Стале Солбакен со голема доза респект зборуваше за претстојниот осминафинален дуел против Бразил на Светското првенство, посебно истакнувајќи ја можноста да се соочи со легендарниот Карло Анчелоти. Солбакен нагласи дека за него е привилегија да игра против еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот, потсетувајќи на бројните трофеи што Италијанецот ги има освоено во клупската кариера, како и на неговиот професионален однос кон противниците.

„Анчелоти е пример за тоа како треба да изгледа еден врвен тренер. Неговото доаѓање на клупата на Бразил е одлична вест за репрезентативниот фудбал. Сепак, кога ќе започне натпреварот, нашата единствена цел ќе биде победата“, изјави Солбакен.

Тој призна дека Бразил влегува како фаворит, но смета дека разликата во квалитет не е толку голема како во минатото и верува дека неговата репрезентација има шанса доколку одигра натпревар без грешка.

„Ќе мора да бидеме на максимално ниво во сите 90 минути. Ако не го дадеме својот максимум, нема да имаме никакви шанси. Бразил располага со извонредни индивидуалци, но нашата задача е да го сопреме целиот тим, а не само поединците“, порача норвешкиот стратег.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.