Кошарка Македонска кошарка

Соколи го победи МЗТ Скопје во пријателски натпревар

МЗТ Скопје Аеродром претрпе пораз во една од подготвителните средби пред почетокот на новата сезона, откако „металците“ загубија од новиот суперлигаш Соколи Штип со 83-72. Натпреварот се одигра во славеничка атмосфера во Штип, по повод отворањето на новиот спортски центар во градот.

За МЗТ ова беше уште една корисна проверка во подготвителниот период, во кој стручниот штаб работи на воигрување на релативно новиот состав и на поставување на играта пред стартот на сезонските обврски. И покрај поразот, ваквите натпревари се важен дел од подготовките и треба да му помогнат на тимот да ја достигне посакуваната форма.

Најефикасен во составот на МЗТ Скопје беше Ноа Фарахан со 21 поен, додека Лесли Варнер постигна 13, а Дамјан Стојановски натпреварот го заврши со 11 поени. МЗТ Скопје на оваа средба настапи без повредениот репрезентативец Петар Бошалески. Следниот предизвик за „металците“ е во сабота, кога ќе ги одмери силите со косовскиот тим Бора.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.