Меѓународен фудбал Фудбал

Собослаи и Џонс влегоа во жешка расправа дуелот со Рексам (ВИДЕО)

Ливерпул го совлада Рексам со 1:0 на пријателскиот меч одигран во Њујорк, но победата на тимот предводен од Андони Ираола брзо падна во втор план. По последниот судиски свиреж на теренот изби сериозна конфронтација меѓу Куртис Џонс и Доминик Собослаи, чии снимки експресно се проширија на социјалните мрежи.

По завршувањето на средбата, двајцата фудбалери влегоа во вербален конфликт кој траеше речиси две минути. Ситуацијата ескалираше со остри гестикулации и меѓусебно туркање по градите, па мораа да интервенираат нивните соиграчи Костас Цимикас и Џереми Фримпонг, како и членовите на стручниот штаб, за да спречат потежок инцидент.

Главна тема меѓу навивачите веднаш стана капитенската лента. Собослаи ја започна средбата како капитен, а при неговата замена во 76. минута му ја предаде на Цимикас и покрај тоа што Џонс веќе беше во игра. Иако првичните претпоставки беа дека англискиот фудбалер збеснал бидејќи бил прескокнат, деталните видеозаписи покажуваат дека Унгарецот прво му ја понудил лентата на Фримпонг, кој потоа го насочил кон грчкиот дефанзивец.

Клубот од „Енфилд“ сè уште се нема огласено со официјално соопштение, па точната причина за тензијата меѓу соиграчите кои имаат речиси 100 заеднички настапи засега останува непозната. Независно од тоа дали поводот бил изборот на капитен или некоја ситуација од самиот меч, реакцијата на Џонс покажа дека Ираола ќе мора брзо да ги решава искрите во соблекувалната.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.