Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Смртни закани по неуспехот на СП, селекторот на Јужна Кореја побара заштита во странство!

Неуспешниот настап на Јужна Кореја на Светското првенство предизвика огромно разочарување во земјата, а најголемиот товар го понесе селекторот Хон Мјунг-бо. По елиминацијата уште во групната фаза, искусниот стратег бил изложен на серија сериозни закани, поради што решил привремено да ја напушти државата.

Според локалните информации, Хон бил забележан на аеродромот во Сеул како се качува на лет за Соединетите Американски Држави. Облечен со капа и заштитна маска, тој се обидел да не привлече внимание, додека медиумите наведуваат дека главната причина за неговото заминување се безбедносните ризици.

Разочарувањето по раната елиминација од Мундијалот предизвика бурни реакции кај навивачите, а дел од нив ги преминаа границите на спортската критика. Засега нема официјални информации кога Хон Мјунг-бо ќе се врати во Јужна Кореја, ниту каква ќе биде неговата иднина на селекторската функција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.