Меѓународен фудбал Фудбал

Случајот со сертификатот го тргна Џака од репрезентацијата на Швајцарија!

Гранит Џака нема да настапи за Швајцарија во претстојниот репрезентативен циклус, откако заедно со раководството на Фудбалската федерација на Швајцарија било одлучено тој да не биде дел од тимот на овие натпревари.

Одлуката доаѓа во период кога Џака е во центарот на вниманието поради случајот поврзан со неговата потврда за вакцинација против Ковид-19. Според информациите од федерацијата, капитенот синоќа ги информирал челниците за целата ситуација и најавил дека јавно ќе зборува за случајот и ќе ја преземе одговорноста.

„Гранит Џака синоќа нè информираше за ситуацијата и ни соопшти дека сака јавно да се огласи и да преземе одговорност. Го поздравуваме неговиот пристап и подготвеноста да се соочи со ситуацијата. Сепак, заеднички проценивме дека во интерес на репрезентацијата е овој собир да го продолжиме без него“, изјави претседателот на федерацијата, Петер Кнајбел.

Швајцарците денеска го започнуваат собирот во Белек, Турција, каде ќе тренираат до петок. Во овој циклус ги очекуваат две гостувања – против Македонија и Шкотска.

Во продолжение на квалификацискиот циклус, Швајцарија ќе биде домаќин на Словенија и Македонија на 3 и 6 октомври, а натпреварите ќе се одиграат во Луцерн.

Од федерацијата најавија дека по завршувањето на актуелниот репрезентативен период повторно ќе се разговара со Џака за целата ситуација и за неговиот понатамошен ангажман во националниот тим.

„По завршувањето на овој репрезентативен циклус повторно ќе ја разгледаме ситуацијата заедно со Гранит Џака и ќе разговараме за следните чекори“, додаде Кнајбел.

Против швајцарскиот репрезентативец, во меѓувреме, е покренато обвинение во врска со наводно користење лажен сертификат за вакцинација против Ковид-19. За ваков прекршок според швајцарското законодавство е предвидена и затворска казна.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.