Европски првенства Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет Репрезентација на Македонија

Словенија последна пречка на патот кон Европското првенство!

Македонската женска ракометна репрезентација денеска во 18 часот против фаворизираната Словенија брка билет за трето последователно Европско првенство, влегувајќи во одлучувачкиот дуел со императив за позитивен резултат. Иако Словенија доминираше на првиот меч во Скопје, нашите ракометарки се максимално мотивирани преку борбена игра да се изборат за една од трите преостанати позиции меѓу најдобрите третопласирани селекции.

Фокусот мора да биде на високо ниво до последната секунда, бидејќи според правилата на ЕХФ, секој постигнат гол може да биде пресуден за конечниот пласман на континенталниот собир.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести