Барселона и официјално го назначи словенечкиот стратег Александар Секулиќ за нов шеф на стручниот штаб. Каталонскиот гигант соопшти дека 48-годишниот тренер ќе потпише договор со важност до 30 јуни 2028 година, а неговата официјална промоција пред медиумите ќе биде одржана во наредните денови. Со ова назначување, Секулиќ стана првиот словенечки тренер во историјата кој ќе ја предводи Барселона. Од 2020 година тој е селектор на словенечката репрезентација, додека негов последен клупски ангажман беше во Дубаи, каде што се задржа само неколку месеци.
Интересно е што токму клубот од Обединетите Арапски Емирати неодамна го назначи Чави Пасквал, кој минатата сезона ја водеше Барселона. Каталонците стигнаа до финалето на шпанското првенство, но разочараа во Евролигата, каде што беа елиминирани од Монако во плеј-ин фазата.

