РК Еурофарм Пелистер официјално го потврди трансферот на талентираниот словенечки лев бек Малик Татар. Дваесетгодишниот ракометар потпиша двегодишен договор со битолската екипа. Тој со своите карактеристики веќе го привлече вниманието на многу европски клубови.
Младиот Татар е роден во Целје, а ракометно се афирмираше во тимот на Горење Велење. Исто така, тој ги мина сите младински категории во словенечката репрезентација. Новиот бек ќе биде промовиран на почетокот на подготовките за новата сезона.
Овој голем словенечки потенцијал е петто засилување за составот на новиот тренер Лино Червар. Претходно пристигнаа Миха Котар, Мартин Серафимов, Ненад Белистојаноски и Едвин Џелиловиќ.

