Македонски фудбал Репрезентација на Македонија Фудбал

Словачко и Тихомир Костадинов заедно до 2028 година!

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов и официјално ја продолжува кариерата во редовите на Словачко. По одличните настапи за време на позајмицата во пролетниот дел од минатата сезона, чешкиот прволигаш постигна целосен договор со Сигма Оломоуц за откуп на неговиот договор. По завршувањето на преговорите, 30-годишниот играч за врска стави потпис на нов договор со важност до летото 2028 година.

Костадинов остави силен впечаток во средниот ред на Словачко уште од првиот ден. Во изминатиот пролетен дел тој одигра 13 првенствени натпревари, во кои забележа еден гол и три асистенции, давајќи директен придонес во успешниот финиш на сезоната за својот тим.

Задоволни од неговиот придонес и залагање на теренот, челниците на Словачко реагираа брзо и издејствуваа постојан трансфер. Со овој потег, македонскиот фудбалер добива долгорочна стабилност, а клубот си обезбеди проверено решение во играчкиот кадар за претстојните предизвици.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.