Рио де Жанеиро го доби правото да биде домаќин на официјалното претставување на новата сезона во Мото ГП. Главниот предсезонски настан е закажан за 21 февруари на познатата плажа Ботафого, каде што под култното брдо „Глава на шеќерот“ ќе се одржи промоцијата на сите тимови и возачи за шампионатот во 2027 година.
Одлуката за организација на овој спектакуларен вовед во Рио доаѓа по успешното враќање на Мото ГП во Бразил годинава, кога трката во Гојанија ја следеа речиси 150.000 гледачи. По Бангкок во 2025 и Куала Лумпур во 2026 година, бразилската метропола ја презема улогата на домаќин на глобалниот настан кој носи огромна промоција и туристички бенефит.
#MotoGP chooses Rio De Janeiro to host the 2027 Season Launch 🇧🇷
Save the date! 📅 #MotoGPLaunch pic.twitter.com/Q3g2NnOYMi
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) August 11, 2026
За фановите, ова ќе биде ретка можност на едно место да ги видат сите нови фабрички мотоцикли, возачи и тимови пред стартот на новата сезона, уживајќи во интерактивни изложби, интервјуа и вистинска фестивалска атмосфера на самиот брег на Рио.

