Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Славењето на навивачите во Мексико Сити се претвори во голема трагедија

Големото славење на фудбалските навивачи во Мексико Сити се претвори во неочекувана трагедија. Две лица починаа поради задушување во огромната толпа за време на уличните прослави. Здравствените власти потврдија дека итните служби реагирале веднаш, но не успеале да ги спасат настраданите.

Инцидентот се случил во раните утрински часови за време на спонтано собирање на илјадници луѓе. Славеничката атмосфера брзо прераснала во хаос и стампедо кога настанал голем метеж на улиците.

Локалните власти потврдија дека жртвите се млада жена и маж кои настрадале од задушување. Медиумите шпекулираат и за можна трета жртва, но оваа информација сè уште чека официјална потврда. Полицијата веќе отвори истрага за да ги утврди точните причини за овој немил настан.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.