Меѓународен фудбал Фудбал

Славен Билиќ се враќа на клупата на Хрватска, официјално го наследи Далиќ!

Хрватската фудбалска репрезентација повторно ќе биде предводена од Славен Билиќ. Хрватскиот фудбалски сојуз ја потврди неговата промоција за нов селектор, откако Златко Далиќ стави крај на својот долгогодишен мандат. По девет години на кормилото на националниот тим, Далиќ реши да се повлече, оставајќи зад себе еден од најуспешните периоди во историјата на хрватскиот фудбал. Раководството на федерацијата довербата му ја укажа на Билиќ, кој повторно седнува на селекторската клупа по пауза од 14 години.

Искусниот стратег потпиша двегодишен договор, а негов прв приоритет ќе биде да ја одведе Хрватска на следното Европско првенство и да започне нов успешен циклус со националниот тим. Билиќ веќе еднаш беше селектор на „коцкестите“, во периодот од 2006 до 2012 година, кога ја изгради репутацијата на еден од најценетите хрватски тренери. Сега добива нова можност да ја продолжи својата приказна со репрезентацијата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.