Меѓународен ракомет Ракомет Репрезентација на Македонија

Скопје ќе биде домаќин на Медитеранските ракометни игри во 2027 година

Главниот град на Македонија го доби правото да биде домаќин на 23-тото издание на Медитеранските ракометни игри во машка конкуренција, откако Извршниот комитет на Медитеранската ракометна конфедерација едногласно донесе одлука за доделување на организацијата.

Натпреварите ќе се одиграат во Скопје во периодот од 18 до 25 април 2027 година. На овој меѓународен турнир ќе настапат младински репрезентации составени од ракометари родени во 2010 година и помлади, што претставува важна можност за промоција и развој на новата генерација македонски ракометни таленти.

Покрај машкиот турнир во Скопје, Медитеранската конфедерација ја додели и организацијата за женското издание на натпреварувањето, кое ќе се одржи во Хамамет, Тунис, од 7 до 14 март 2027 година.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.