Екипата на Скопје загуби од Брегалница со минимален резултат од 0-1 во дерби натпреварот од 23. коло во Втората македонска фудбалска лига. Во еден тежок натпревар, сините од Штип, со голот на Никола Талески во 41′ минута од првото полувреме го решија натпреварот во своја корист. Домаќините се обидоа да возвратат, имаа иницијатива, но на крајот сето тоа беше неуспешно.
Остануваат уште седум кола до крајот кои ветуваат голема неизвесност. Дури четири екипи се во врвот на табелата и водат битка за директен влез во прва лига. Да ја погледнеме табелата:
1. Охрид 52 бода
2. Брегалница 52 бода
3. Шкендија Арачиново 52 бода
4. Скопје 50 бода


