Македонски фудбал Фудбал

Скопје гледа кон Чаир и посакува прв триумф во елитата!

Скопје освои три бода во првите шест кола од Првата фудбалска лига, откако трипати ремизираше со ривалите. Имаше и тежок распоред, па последната позиција на табелата сепак не треба да делува премногу разочарувачки. Но, јасно е дека многу повеќе бодови се собираат кога ќе се оствари триумф.

Тоа е желбата на тимот од Автокоманда за денешното гостување на Чаир и дуелот со Шкендија Арачиново.

„Подготвени сме за надигрување и размислуваме за победа“, порачуваат од ФК Скопје.

Во меѓувреме, Скопје ангажираше уште неколку нови имиња, па сега тренерот Муарем Муарем има на располагање поквалитетен состав.

Натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и ФК Скопје е закажан за 16 часот на стадионот Чаир.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.