Боречки спортови Други спортови

Скопје беше домаќин на европскиот џудо куп, Македонија настапи со седум претставници (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во Скопје се одржа Јуниорскиот Европски џудо куп – Скопје 2026, на кој настапуваат голем број млади и перспективни џудисти од Европа. Натпреварувањето го отвори претседателот на Џудо Федерацијата на Македонија, Владимир Трпановски, а на свеченоста присуствуваа и амбасадорките на Кина и Јапонија.

Македонија на првиот натпреварувачки ден настапи со седум џудисти – пет во машка и две во женска конкуренција. Највпечатлив настап имаше Никола Магдески во категоријата до 73 килограми. Тој во првото коло славеше со ипон против претставникот на Романија, а во второто долго време имаше предност против џудист од Молдавија, но во финишот ја загуби борбата. Поради големиот број натпреварувачи во категоријата, Магдески не доби можност за репасаж.

Сергеј Димитриоски во категоријата до 60 килограми забележа победа во првото коло, по што претрпе пораз во второто и во репасажот. Игнат Петров, Зоран Колески и Петар Давчев беа елиминирани по првите борби. Во женска конкуренција настапија Ива Богдановска и Драгица Рафтовска, но и двете не успеаја да стигнат до репасаж.

Иако резултатите не беа во целост според посакуваното, македонските џудисти покажаа борбеност и карактер, а настапот на силниот европски турнир претставува значајно меѓународно искуство за младите натпреварувачи.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.