Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Скандал во Њујорк: Канаваро и Узбекистан претресувани како криминалци!

Репрезентацијата на Узбекистан доживеа вистинско понижување пред пријателскиот дуел со Холандија во Њујорк, откако целата делегација беше подложена на несекојдневни, ригорозни безбедносни проверки. Веднаш по излегувањето од автобусот пред стадионот „Икан“, фудбалерите и стручниот штаб морале да поминат низ детектори за метал, а нивниот багаж бил прегледуван со полициски кучиња.

Ваквиот третман, зачинет со арогантно однесување на обезбедувањето, предизвика огромен револт кај селекторот Фабио Канаваро. Италијанската легенда не го криеше бесот од двојните стандарди на организаторот.

„Само нам ни го прават ова, прашајте ги зошто. Нe претресуваат како да сме криминалци“, изјави разочараниот Канаваро, чиј тим подоцна загуби на теренот со 2-1.

Медиумите пренесуваат дека сличен линч на високи температури преживеала и селекцијата на Сенегал, што е во силен контраст со другите репрезентации кои во САД биле пречекувани со музика и свечени церемонии. За Узбекистан ова е втор пораз во подготовките за нивниот дебитантски Мундијал, каде ќе ги одмерат силите со Колумбија, Португалија и ДР Конго.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.