Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Скандал пред СП: САД бара 21 ден карантин за ДР Конго поради страв од ебола!

Светското првенство во фудбал, наместо по спортскиот дух, сè почесто се наоѓа во центарот на вниманието поради крупни политички и дипломатски скандали. Кога здравствените кризи и строгите гранични контроли ќе се испреплетуваат со најголемиот спортски настан, на теренот се појавуваат проблеми кои немаат врска со фудбалот.

Репрезентацијата на ДР Конго се соочува со ризик да не добие дозвола за влез во САД. Нивниот сојуз веќе го откажа подготвителниот камп во Европа каде требаше да играат со Данска и Чиле, а причината се радикалните сигнали од Белата куќа. Директорот на Организацискиот одбор, Ендру Џулијани, за „ESPN“ децидно изјави дека фудбалерите мора да поминат во карантин од 21 ден доколку сакаат да слетаат во Хјустон, со цел да се спречи каков било ризик од ширење на ебола во САД.

Ова предизвика бунт во Конго, бидејќи случаите на ебола се изолирани во далечните провинции Северен Киву и Итури. Овие подрачја се под контрола на бунтовничката група М23, па спортската експедиција немала никаков контакт со загрозените зони, поради што мерката на САД ја сметаат за неоправдана.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.