Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Скандал пред Мундијалот: Најдобриот африкански судија едвај доби виза!

Сомалискиот судија Омар Абдулкадир Артан за малку ќе го пропуштеше Светското првенство поради нефудбалски причини. Најдобриот африкански судија според КАФ со денови беше заглавен во Кенија поради административни проблеми со визата. Додека останатите африкански судии веќе нормално тренираа, тој беспомошно ја гледаше оваа бирократска драма.

Овој случај отвори низа непријатни прашања за организацијата на претстојниот Мундијал. Недозволиво е земјата домаќин да создава вакви пречки за луѓето кои се составен дел од турнирот. Судиите не се обични туристи, туку се клучни учесници во целиот настан.

По силниот јавен притисок и итна интервенција од страна на ФИФА, приказната сепак доби среќен крај. Артан конечно ја доби потребната виза и веќе патува за да им се приклучи на своите колеги.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.