Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ СЕНЕГАЛ: Репрезентативците на Мундијалот ги лекувал гинеколог!

Вистинска бура се крена во сенегалскиот фудбал откако претседателот на тамошната федерација, Абдулај Фал, откри дека лекарот кој бил дел од националниот тим на Светското првенство немал соодветна специјализација за таа функција.

Според Фал, фудбалерите изразиле сомнежи во медицинската поддршка што ја добивале за време на турнирот, бидејќи докторот по професија бил обучен како гинеколог. Поради тоа, Федерацијата ангажирала дополнителни медицински експерти за да ја врати довербата кај репрезентативците.

„Здравјето на играчите е најважно. Моравме да обезбедиме дополнителна експертиза за тие да се чувствуваат сигурно“, изјави Фал.

Сепак, Сенегалската асоцијација за спортска медицина остро ги демантираше ваквите тврдења. Оттаму нагласија дека докторот Абдерахман Федиор поседува диплома по спортска медицина и спортска биологија, како и долгогодишно искуство со националниот тим, со кој учествувал на три Светски првенства и пет изданија на Африканскиот куп на нации. Скандалот доаѓа само неколку дена по смената на селекторот Папе Буна Тијау, откако Сенегал не ги оправда очекувањата на Мундијалот и беше елиминиран во осминафиналето по драматичниот пораз од Белгија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.