Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Скандал го тресе австралискиот фудбалски репрезентативец кој е позитивен на кокаин!

Австралискиот репрезентативец Кристијан Волпато е во центарот на голем скандал, откако австралиските медиуми објавија дека бил позитивен на прелиминарен тест за кокаин при полициска контрола во Сиднеј. Фудбалерот на Сасуоло бил запрен поради возење со 109 километри на час во зона каде што ограничувањето било 60 км/ч. По тестирањето, примерокот е испратен на дополнителна лабораториска анализа, а привремено му е одземена возачката дозвола на шест месеци.

Засега против 22-годишниот играч нема поднесено обвинение, а истрагата е во тек. Волпато неодамна настапи за Австралија на Светското првенство, каде што одигра три натпревари.

Младиот играч важи за еден од најголемите австралиски таленти. По настапите за младинските селекции на Италија, тој реши да го промени спортското државјанство и да игра за Австралија, а на неодамна завршеното Светско првенство забележа три настапи пред елиминацијата на својата репрезентација во осминафиналето.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.