Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Скандал: Англичаните ограбени во САД, останаа без копачки, топки и без тактиките на Тухел!

Скандалозни вести пристигнуваат од САД, каде што репрезентацијата на Англија се најде на мета на ограбувачи на самиот старт од Светското првенство. Пред првиот официјален тренинг на „Гордиот Албион“ во Канзас Сити, каде тимот ќе се подготвува за воведниот дуел против Хрватска, биле украдени копачките на најголемите ѕвезди, службените топки за шампионатот, како и комплетната опрема за тренинг.

Кражбата се случила за време на патниот транспорт на опремата од Флорида до новата база во Мисури, каде што Англичаните планираат да престојуваат во следните три недели. Избраниците на Томас Тухел требаше денеска, сабота попладне, да го одржат првиот тренинг на новата локација, но логистичкиот персонал сега очајно се обидува да утврди со што воопшто располага тимот. Информациите од таборот велат дека меѓу преостанатите работи била пронајдена само една единствена фудбалска топка, а најголемиот страв е што исчезнале копачките изработени по мерка за лидерите Хари Кејн и Џуд Белингем. За неволјата да биде поголема, меѓу украдените работи се и таблите на селекторот Тухел на кои биле детално разработени тактичките замисли.

Актуелните европски вицешампиони својата мундијалска одсеја ја започнуваат во среда навечер со големото дерби против Хрватска.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.