Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Скалони: Бока и Ривер се обединуваат за Аргентина – тоа е нашата најголема мотивација!

Аргентина е на чекор до одбрана на светската титула, а селекторот Лионел Скалони порача дека неговите фудбалери ќе бидат дополнително мотивирани од огромната поддршка што ја добиваат од навивачите. Според него, токму емоциите и заедништвото што ги покажуваат Аргентинците се една од најголемите сили на репрезентацијата.

„Играме за нашата земја, за семејствата и за сите навивачи. Кога ќе видите како луѓето слават заедно, без разлика на клупските ривалства, погледнете ги навивачите на Бока и Ривер, они веќе се прегрнуваат, а сето тоа навистина ни дава дополнителна мотивација“, изјави Скалони во пресрет на финалето против Шпанија.

Аргентинскиот стратег призна дека неговиот тим имал ден помалку за подготовка по полуфиналето со Англија, но нагласи дека атмосферата е одлична и дека сите играчи се подготвени за најважниот натпревар на турнирот.

Скалони повторно му оддаде признание и на Лионел Меси, истакнувајќи дека настапите на капитенот на 39-годишна возраст се нешто што ретко се гледа во светскиот фудбал.

„Тоа што Меси го прави на овие години е навистина неверојатно. Без разлика на исходот од финалето, тој останува пример за сите генерации“, порача селекторот на актуелниот светски шампион.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.