Меѓународен фудбал Фудбал

Сити побара од Гвардиола да се изјасни за неговата иднина во клубот

Тимот на Манчестер Сити во наредниот период ќе има тешка задача кога е во прашање останувањето на менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола. Имено, сините официјално испратија барање до менаџерот да се изјасни околу својата иднина во клубот. Според реномирани медиуми од Велика Британија, но и според изјавата на спортскиот директор Уго Вијана, тие сеуште не се сигурни кој ќе биде менаџер следната сезона. „Граѓаните“ се подготвени за секакво сценарио, пишуваат локалните медиуми. Тие сакаат Гвардиола да остане во клубот до летото 2027 година, но во моментов постои голема можност специјалистот да замине на крајот од тековната сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести