Меѓународен фудбал Фудбал

Сити експресно одговори: Халанд не мрда од Манчестер!

Манчестер Сити експресно ги демантираше тврдењата на кандидатот за претседател на Реал Мадрид, Енрике Рикелме, дека норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд е негов договорен трансфер. Откако шпанскиот бизнисмен јавно покажа дрес со името на напаѓачот, од Англија пристигна остар одговор со најава за тужба поради неовластена злоупотреба на ликот на нивната главна ѕвезда.

Од „Етихад“ потенцираа дека не постојат никакви шанси за ваков трансфер бидејќи во договорот на Халанд, кој е со важност дури до 2034 година, воопшто нема откупна клаузула. На целата приказна веднаш реагираа и агентката Рафаела Пимента и таткото на играчот, Алфи Халанд, кои порачаа дека изборните трикови во Мадрид се само забавни лаги пред гласањето закажано за во недела.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.