Меѓународен фудбал Фудбал

Сити демонстрираше моќ против Ливерпул, хет трик за Халанд

Екипата на Манчестер Сити со убедливи 4:0 славеше во дербито против Ливерпул, во четвртфиналето од ФА Купот. Домаќинот, на својот Етихад, поведе во 39 минута, со голот на Халанд од белата точка. Истиот играч го зголеми водството на Сити во продолжението од првото полувреме.

Во вториод дел, Семењо зголеми на три гола разлика во 50 минута, а Халанд со својот трет гол во 57 минута ги постави конечните 4:0.  Со оваа победа Сити се пласираше во полуфиналето од ФА Купот.

Пеп Гвардиола овој меч го следеше од трибините на Етихад, поради суспензијата за акумулирани жолти картони.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести