Други спортови Тенис

Синер во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид

Јаник Синер со победата над Британецот Камерон Нори од 2-0 (6-2, 7-5), се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид. Италијанецот ја оправда фаворитската улога и во два сета, за 87 минути дојде до победата.

Во четвртфиналната фаза, светскиот број еден за противник ќе го има подобриот во дуелот помеѓу Рафаел Ходар од Шпанија и чешкиот тенисер Вит Коприва.

Во четвртфиналната фаза исто така се пласираше и Артур Фис со победата од 2-0 (6-3, 6-4) над Томас Мартин Ечеверија, а во следната фаза го очекува дуел со победникот меѓу Италијанецот Лоренцо Муцети и Јиржи Лехечка од Чешка.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести