Јаник Синер ја продолжи неверојатната серија и по огромна борба го елиминираше Данил Медведев на Мастерсот во Рим. Италијанскиот тенисер славеше со 6:2, 5:7 и 6:4 во меч кој поради лошото време се играше два дена.
Домашниот фаворит се соочи со проблеми, вклучувајќи го првиот загубен сет по долго време и мачнини во стомакот. Ситуацијата дополнително ја искомпликува силниот дожд, па дуелот беше прекинат при водство на Синер од 4:2 во третиот сет.
По продолжувањето на мечот, Италијанецот делуваше посвеж и сигурно го доби својот сервис за водство од 5:3. Иако Медведев спаси две меч-топки, Синер без поголеми проблеми го освои наредниот гем за конечен триумф.
Со оваа победа тој ја продолжи серијата до 33 последователни победи на Мастерс турнирите пред публиката на „Форо Италико“. Тој уште во претходното коло го собори рекордот на Новак Ѓоковиќ, кој во 2011 година имаше 31 триумф.
Во големото финале во недела, најдобриот светски тенисер ќе игра против одличниот Норвежанец Каспер Руд. Руд убедливо го совлада Дардери со 6:1 и 6:1, но Синер славеше на сите четири претходни меѓусебни дуели.

