Други спортови Тенис

Синер преку Ходар во полуфиналето во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер со победата над 19-годиншниот Рафаел Ходар со 2-0  (6-2, 7-6) во сетови, се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид. Младиот Ходар уште еднаш потврди за каков талент се работи и дека има светла иднина во тенисот, му пружи достоен отпор на прворангираниот на АТП листата, но сепак Синер ја оправда улогата на фаворит и дојде до победата.  Во полуфиналето Синер ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Фис и Лехечка.

Полуфиналната фаза ќе се комплетира утре со дуелите на Руд и Блокс, а потоа и Коболи и Зверев.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести