Други спортови Тенис

Синер и Алкараз закажаа финале во Монте Карло

На финалето на Мастерсот во Монте Карло ќе гледаме пресметка помеѓу моментално најдобрите тенисери во светот. На денешните полуфинални дуели, првиот и вториот на АТП ранг листата, како и што се очекуваше, славеа победи против своите противници.

Јаник Синер лесно, по само два сета славеше победа против рускиот тенисер Александар Зверев. Во натпревар кој траеше 1 час и 20 минути, младиот италијански тенисер славеше победа со 6-1 и 6-4.

Во втората полуфинална пресметка, Карлос Алкараз со победата над Валентин Вашеро со 2-0 (6-4, 6-4) во сетови, закажа финале против Јаник Синер.

Финалниот меч, освен трофејот на Мастерсот во Монте Карло, победникот ќе го позиционира и на првата позиција на АТП ранг листата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести