Јаник Синер продолжува со својата доминација на тениските терени со уште еден историски успех во Рим. Италијанецот го совлада Андреј Рубљев со 2-0 во сетови и обезбеди пласман во големото полуфинале.
На Синер му беа потребни 92 минути за триумф од 6-2 и 6-4 против рускиот противник. Со оваа победа, младиот тенисер стигна до неверојатни 32 последователни победи во Мастерс серијата. Тој официјално го сруши рекордот на Новак Ѓоковиќ од 2011 година од 31 врзана победа.
Ова беше осма победа за Синер во неговите меѓусебни дуели против Андреј Рубљев. Сега, миленикот на домашната публика во Рим гледа кон трофејот и дополнително зацврстување на својата позиција.

