Јаник Синер игра во животна форма, откако го освои турнирот во Мајами, победувајќи го Јиржи Лехечка во финалето со 2-0 (6-4, 6-4).
Со овој трофеј, младиот италијанец дојде до седум титули во Мастерс 1000 серијата. Исто така, со овој триумф, Синер го заврши месец март со совршен скор, освојувајќи го и турнирот Индијан Велс, покрај Мајами Опен.
Последен на кој му успеало да ги освои овие два турнира во иста сезона е Роџер Федерер во 2017 година.
Синер дополнително ја намали разликата во однос на првиот на АТП листата, Карлос Алкараз, со што трката за врвот станува се поинтересна во продолжение на сезоната.

