Други спортови Тенис

Синер го израмни рекорд на Ѓоковиќ!

Јаник Синер продолжува да гази сè пред себе, откако без проблеми го совлада сонародникот Андреа Пелегрино со 2:0 во сетови (6:2, 6:3) и се пласираше во четвртфиналето на домашниот Мастерс во Рим. Првиот светски рекет ја заврши работата за нешто повеќе од еден час, не дозволувајќи му на 155-тиот тенисер на АТП листата ниту за момент да се понадева на сензација.

Со овој доминантен триумф, непобедливиот Италијанец го израмни апсолутниот рекорд на Новак Ѓоковиќ од дури 31 последователна победа на турнирите од Мастерс 1000 серијата. За да го надмине српскиот ас и да постави нов историски стандард во светскиот тенис, Синер ќе мора да слави и во следната фаза каде ќе ги одмери силите со подобриот од пресметката меѓу Андреј Рубљов и Николоз Басилашвили.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести