Јаник Синер го освои Мастерсот во Монте Карло, славејќи над Карлос Алкараз, кој беше бранител на титулата, со 2-0 (7-6, 6-3) во сетови и се врати на првата позиција на АТП ранг листата.
За италијанскиот тенисер ова е прва титула на земјена подлога на еден турнир од серијата 1000. Синер ја продолжува својата доминација на Мастерс турнирите, освојувајќи ја својата четврта последователна титула, по Берси, Индијан Велс и Мајами.
Од понеделник Синер ќе ја преземе лидерската позиција на АТП ранг листата токму од Алкараз и ќе ја започне својата 67-ма недела на како лидер.

