Други спортови Тенис

Синер доби зелено светло од лекарите, УС Опен не е загрозен

Навивачите на Јаник Синер можат да здивнат. Повредата на десното колено на најдобриот тенисер во светот не е од сериозна природа, покажаа деталните медицински прегледи во Милано. Италијанецот помина неколкучасовни дијагностички тестови во специјализирана клиника, по што беше утврдено дека нема структурно оштетување на коленото. Проблемот бил предизвикан од воспаление како последица на големиот број натпревари и големите физички напори во текот на сезоната.

Лекарскиот тим му даде дозвола на Синер постепено да се врати на тренинзите и да продолжи со подготовките за следните предизвици. Неговиот настап на северноамериканската турнеја останува според планираниот распоред, а на 9 август треба да отпатува во САД. Иако накратко се појави неизвесност околу неговото учество на Мастерсот во Синсинати, најважната вест е дека настапот на УС Опен не е доведен во прашање.

Синер оваа сезона продолжува да го потврдува статусот на прв светски рекет, а неговата цел останува да биде максимално подготвен за завршницата од годината.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.