Други спортови Тенис

Синер доби лоши вести, ќе мора да мирува најмалку до 6 септември

Јаник Синер ќе мора да почека уште најмалку десетина дена пред повторно да земе рекет в раце. Првиот тенисер на АТП-листата по новите лекарски прегледи добил препорака за целосен одмор од тениски тренинзи најмалку до 6 септември. Синер во Торино повторно го проверил десното колено, а резултатите покажале дека нема руптура, но воспалението сè уште не е целосно санирано. Поради тоа, италијанските лекари му препорачале дополнителен период без тренинзи, а не е исклучено паузата да биде и продолжена.

Италијанскиот тенисер веќе одреден период работи на рехабилитацијата, со физиотерапија, вежби и третмани со ударни бранови. Проблемот се појавил за време на подготовките по Вимблдон и најверојатно е последица на преголемо оптоварување. Повредата веќе го принуди Синер да го откаже настапот на УС Опен, а претходно го пропушти и Мастерсот во Синсинати. Последниот официјален меч го одигра во финалето на Вимблдон, каде што стигна до петтата Грен слем титула во кариерата.

Доколку рехабилитацијата продолжи според планот, Синер би можел да се врати на терените на турнирот во Пекинг, кој започнува на 30 септември. И покрај проблемите во финишот од сезоната, Синер зад себе има фантастична 2026 година со шест освоени титули, меѓу кои пет од серијата Мастерс и трофејот на Вимблдон.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.