Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, наскоро би можел повторно да ги радува љубителите на тенисот. Италијанецот е надвор од терените уште од финалето на Вимблдон, каде го совлада Александар Зверев, по што поради повреда на коленото ја пропушти целата турнеја во Северна Америка, вклучувајќи го и УС Опен.
Непланираната пауза во календарот Синер ја искористи за да присуствува на трката од Формула 1 на легендарната патека во Монца. Притоа, на прашањето од новинар на италијанска „Република“ за состојбата со неговата повреда, Синер кратко и оптимистички одговори: „Коленото? Сè е во ред“.
Ова потврдува дека освојувачот на пет гренд слем титули го завршува процесот на рехабилитација и се очекува да се врати во акција на турнирот во Пекинг, кој започнува на 30 септември и каде што ја брани титулата освоена минатата година.

